Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Три лица повредени во сообраќајна незгода која се случи утрово кај „Прентов мост“

Охрид, 4. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово во 07:20 часот се случила на регионалниот пат Охрид-Ресен, на охридска страна, во близина на „Прентов мост“.

Во незгодата учествувале две патнички возила.

– Повредените лица се префрлени во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Во несреќата учествувале две моторни возила, едно со охридски, друго со битолски регистарски ознаки. Увид изврши полициска екипа на СВР Охрид. За време на увидот сообраќајот беше во застој, но за крако време се создадени услови за негово нормализирање, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука