Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

И денеска продолжува боевото гаѓање на стрелиштето „Бејбунар“, граѓаните да ги почитуваат безбедносните насоки

Охрид, 7. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници, припадници на редовниот состав од полициската станица од општа надлежност, од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај како и од криминалистичката полиција, на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид два дена спроведуваат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје.

Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловечкото друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.

– Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони, а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”. Граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, апелираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука