Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во ЈЗУ Општа болница Охрид достапни нови и современи лабораториски анализи

Охрид, 7. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Биохемиската лабораторија при охридската Општа болница се опреми со современи и целосно автоматизирани лабораториски апарати од производителот Siemens, кои овозможуваат скрининг, рана дијагноза и следење на третман на голем број заболувања.

Неодамна во Охрид се одржа презентација на која се промовираа новитетите поврзани со современите лабораториски анализи, на која се истакнаа можностите за современа алергодијагностика, достапни во нашата лабораторија, со сите предности на тестовите и изборот на тестови за причинители на алергии. Се работи за високосензитивни алерготестови кои се прават со едноставно земање крв и даваат одговор за голем број можни причинители на алергиски реакции. Оваа најнова генерација на алерготестови може да се прави и кај возрасни и кај деца, без прекин на терапијата и дава одговор за степенот на сензибилизација на пациентот на одреден алерген, информираат од ЈЗУ Општа болница Охрид.

Додаваат дека едно од позначајните достигнувања на нашата болница е што отсега е достапен неинвазивен биохемиски скрининг Приска, за трудници рано во бременоста.

– Овој тип на скрининг се препорачува да се направи за секоја трудница – и истиот дава одговор за тоа дали постои ризик за некои од најчестите хромозомски нарушувања кај бебето. За да го направат овој скрининг на товар на ФЗОМ, пациентките од Охрид и околината нема да има потреба да патуваат и да се изложуваат на дополнителнно трошење време и средства, и отсега оваа услуга ќе можат да ја направат во нашата лабораторија, додаваат од охридската Општа болница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ЈЗУ Општа болница Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука