Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Повреден холандски државјанин: Удрил во камен во Охридското Езеро, итно пренесен во болница

Охрид, 7. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Преку Единствен повикувачки број за итни повици 112, денеска околу 12:00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро.

Се работи за хлоландски државјанин кој со кајче се пренесува до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид.

За итниот случај, од ЦУК веднаш е известена Итна медицинска помош, кои чекаат да му укажат прва помош на повредениот и да го пренесат во болница.

– Повреденото лице е странски државјанин од Холандија, информира ЦУК.

Од таму дополнуваат дека повредениот е надвор од животна опасност, итната медицинска помош го презела и го пренесла во болница на хируршкото одделение. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука