Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за лице од Виница поради коментар на веб портал со кои ширело говор на омраза

Охрид, 7. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

– На 12-ти март 2024 година, пријавениот напишал коментар на објавен текст на интернет портал со кој промовирал и поттикнувал омраза и дискриминација, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука