Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Јаткасти плодови кои придонесуваат за слабеење и го стабилизираат шеќерот во крвта

Охрид, 13. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Јаткастите плодови се богати со хранливи материи кои нудат низа здравствени придобивки, меѓу кои секако е губењето на тежината и стабилизирањето на шеќерот во крвта.

Некои јаткасти плодови се особено корисни во овие аспекти бидејќи се богати со протеини и диетални влакна, поттикнуваат ситост, го контролираат апетитот и го намалуваат внесувањето на калории. Д-р Sarah Bonza и диететичарот Krutika Nanavati посочуваат на неколку вакви одлични опции.

1. Бадеми

Бадемите се богати со протеини и диетални влакна, кои придонесуваат за ситост. Ова може да помогне да се контролира гладот ​​и да се намали вкупниот внес на калории, што придонесува за губење на тежината. Содржината на магнезиум во бадемите игра улога во чувствителноста на инсулин и метаболизмот на гликозата, што може да помогне да се стабилизира нивото на шеќер во крвта и да се намали ризикот од дијабетес тип 2.

– Бадемите помагаат во регулирањето на инсулинот и го забавуваат варењето на шеќерот, вели д-р Bonza.

2. Ореви

Оревите се полни со есенцијални хранливи материи, вклучувајќи витамини, минерали и антиоксиданси. Тие обезбедуваат магнезиум, кој е важен за чувствителноста на инсулин, како и други хранливи материи кои го одржуваат целокупното здравје. Исто така, оревите се богати со полинезаситени масти.

Здравите масти можат да ја зголемат ситоста, да го намалат гладот ​​и да спречат прејадување. Вклучувањето на здрави масти во нашата исхрана ни помага да се чувствуваме сити и задоволни, што може да помогне при губење на тежината.

3. Ф’стаци

Комбинацијата на протеини, здрави масти и влакна во ф’стаците помага да се стабилизира нивото на шеќер во крвта. Ова може да го намали ризикот од варирање на инсулинот, што често се поврзува со зголемен глад и желба.

– Јадењето ф’стаци може да го намали нивото на шеќер во крвта после оброк и да ја зголеми чувствителноста на инсулин, забележува д-р Bonza.

4. Бразилски ореви

Бразилските ореви се еден од најбогатите извори на селен во храната. Селенот е есенцијален минерал кој игра улога во функцијата на тироидната жлезда, метаболизмот и регулацијата на гликозата. Иако бразилските ореви не се толку богати со протеини и влакна како некои други јаткасти плодови, тие сепак ги обезбедуваат овие хранливи материи, кои можат да ни помогнат да се чувствуваме сити.

– Бразилските ореви се богат извор на селен и лесно може да се вклучат во исхраната како ужина или да се додадат во оброците, заклучува Nanavati. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука