Забава Избор

Only The Poets и YungBlud вечерва ќе одржат заеднички концерт во Белград

Охрид/Белград, 13. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Британскиот бенд Only The Poets вечерва во Белград ќе настапи како предгрупа на настапот на YungBlud.

Се очекува во живо да ја претстават и најновата песна наречена „Crash“, како и исклучително популарниот сингл „Jump!“, продуциран од King Ed. Станува збор за инспиративна, енергична песна која веднаш го привлече вниманието на слушателите и стана една од омилените песни на публиката на концертите.

– Ова е песна за моментите кога треба да ги следиме нашите срца и покрај тоа што нашите глави велат поинаку. Сите доаѓаме од работнички семејства и свесни сме дека мораме да работиме напорно. Свиревме насекаде, па дури и на мали фестивали. Секогаш кога можевме да свириме, свиревме, и иако на почетокот беа мали свирки, секогаш си поминувавме одлично заедно. Како што се гради приказната, така чувството станува се’ подобро и подобро, изјави пејачот и гитарист на бендот Tommy Longhurst.

По распродадената турнеја во Британија и Европа минатата година, како и големата турнеја со Lewis Capaldi кој им се приклучи на почетокот на 2023 година, Only The Poets најавија европска турнеја оваа пролет, вклучително и концерти со YungBlud. Во рамките на турнејата, вечерва, бендот ќе го посети Белград, каде како специјални гости ќе настапат на концертот на YungBlud во „Хангар“.

Еден од највлијателните алтернативни музичари од новата генерација, уметник кој се истакна како гласот на генерацијата Z, YungBlud вечерва ќе го одржи својот прв настап во Србија. Освен што постојано истражува нови области на звук и ги преминува жанровските граници за да ги обедини и да ги зајакне младите луѓе со неговата музика, познат е по неговата заразна енергија и панк став, тој цврсто го воспостави танц-ориентираниот рок на 21 век. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука