Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Победи за Наум Стојаноски, Петар Трајчески и Михаил Аврамоски на 3. коло од Првата и младинска боксерска лига во Тетово

Тетово/Охрид, 8. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат успесите на охридските боксери, кои со успех се претставија и на 3. коло од Првата и младинска лига, кое во организација на Боксерскиот клуб „Шкендија НО-ЛИМИТ“, се одржа денеска, во СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Боите на Охрид ги бранеа Наум Стојаноски, Христијан Стојаноски, Петар Трајчески и Михаил Аврамоски од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид.

Во уводните борби Наум Стојаноски во категоријата кадети до 71 кг (против Антонио Петковски од БК „Шкендија НО-ЛИМИТ“), Петар Трајчески во категоријата кадети до 44 кг (против Резон Красниќи од БК „Шкендија НО-ЛИМИТ“) и Михаил Аврамоски во категоријата кадети до 40 кг (против Мемедов Мухамед од БК Пинк Пантер Тим) стигнаа до вредни победи, додека противникот на Христијан Стојаноски не се појави во рингот.

Охридските боксери се’ поуспешни и редовно од сите натпревари се враќаат со одличја и забележителни резултати. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука