Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Центар за јавно здравје Охрид со препораки за справување со топлото време и високите температури

Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) Охрид излезе со препораки за справување со топлото време и високите температури кои се најавени деновиве.

– Топлото време и високите температури кои ги чувствуваме деновиве, како институција која се грижи за јавното здравје, не обврзува да Ве потсетиме и апелираме за сериозно почитување и придржување кон општите препораки за заштита од топлотен бран. Во таа насока, а со цел намалување на ризиците и спречување на штетните ефекти од надворешните топлотни влијанија предизвикани од високите температури врз здравјето на луѓето, во овие надпросечно топли денови, за сите ранливи категории на граѓани: стари лица, хронично болни, лица со хендикеп, лица со зголемена телесна тежина, бремени жени, доенчиња, кои имаат потреба од лабораториски микробиолошки услуги, Центар за јавно здравје Охрид става на располагање мобилни тимови подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа и ги обават потребните административни формалности, а по завршување на анализата, да Ви ги достават соодветните наоди/резултати, информираат од ЦЈЗ.

Додаваат дека е доволно да поседувате уредно издаден упат од вашиот матичен лекар и да се јавите на еден од телефоните 078/488-250 или 078/488-262, секој работен ден, најдоцна до 13:00 часот, каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши, согласно упатот од матичен лекар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука