Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со умерена облачност и температура до 30. степени

Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени.

– До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде утре кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука