Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ-ОА: Света маченичка Теодосија Тирска

Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Света маченичка Теодосија Тирска.

Во времето на царот Максимијан, во Кесарија Палестинска стоеја еден ден пред преторијата мнозина врзани христијани. Оваа благочестива девица Теодосија им пристапи и ги фалеше и ги храбреше за маченичката смрт.

Кога ја слушнаа што зборува, војниците ја одведоа и нејзе пред судијата. Разјарен судијата нареди и ѝ обесија камен на вратот, па ја фрлија во морските длабочини. Но Ангелите Божји ја изнесоа жива на брегот.

Кога повторно му се јави на судијата, овој нареди да ја убијат со меч. Следната ноќ, Теодосија им се јави на нејзините родители сета во величествен небесен сјај, опкружена со многу други спасени девојки и им рече: „Гледате колкава е славата и благодатта на мојот Христос од Когошто сакавте да ме лишите?“ А ова им го рече на родителите зашто ја одвраќаа од исповедањето и мачеништвото за Христа.

Чесно пострада и се прослави во 308 година.

Тропар

Блажена си ти, Теодосијо девственичке, која Го пронајде Женикот на душата своја, блажена си, маченичке света, која на лагата и’ се освети, земајќи ја вистината за свое оружје, блажена си ти, преподобна, која за нас секогаш се моли да останеме во крилото на Црквата, пред која се рушат вратите пеколни. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука