ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Pro et Contra за типизираните куќарки кои се повторно на пешачката зона на кејот на Охридското Езеро

Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека повторно се поставуваат типизираните куќарки на пешачката зона на кејот на Охридското Езеро, е помеѓу најкоментираните деновиве на нашиот Facebook профилот на OhridPress.

Екипи на локалните Јавни претпријатија, започнаа со поставување на типизираните куќарки на пешачката зона на кејот на Охридското Езеро. Истите беа отстранети во ноември минатата година и се користеа како привремени објекти каде во текот на летната сезона се продаваа прехранбени производи. За нивно нормално функционирање се обезбедени и соодветни услови за безбедно работење, како довод на електрична енергија и поврзување со водоводната мрежа.


Читателите на OhridPress во коментарите посочуваат дека можеби треба да се размисли за евентуално дислоцирање на овие куќарки, кои според дел од читателите даваат панаѓурски лик на централното градско подрачје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука