Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Успешно издание на Хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“

Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Насмевки, сплотеност, тимска игра и хуманост е сликата од хуманитарниот турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024, кој веќе трета година е успешна приказна за организаторите и учесниците.

– Во саботата, на 8-ми јуни 2024 година, на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид се одржа Третиот хуманитарен турнир Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024, кој е одлична можност за децата на возраст до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух. Посебна благодарност упатуваме до нашите соработници од КК „Колибри“, кој веќе трета година по ред е со нас во оваа организација, а за прв пат оваа година и „Про Баскет Јуниор“ од Охрид“, велат организаторите.

На турнирот кој помина сè во најдобар ред, зедоа учество повеќе од 110 деца, кои имаа можност за дружба, тимска игра, спорт, рекреација и едукација, како и подигнување на еколошката свест и зачувување на животната средина од најмладите.

Најуспешните три екипи добија вредни награди од главниот покровител на настанот, а за секој учесник беше обезбедена маичка и благодарница за учеството.

– Во категоријата деца до 9 годишна возраст првата награда припадна на екипата „Тројцата кошаркари“ за кој настапија Петар Танаскоски, Марко Рафтоски и Милан Милошевиќ, второто место припадна на екипата „Кошаркари“ за кој настапија Мевљана Салиоска, Алексеј Димитриески и Харун Даут, додека третото место припадна на екипата „Колибри“ на Милош Милошевиќ, Сергеј Ристиќ и Викторија Анѓелоска. Во категорија 10-11 години првата награда припадна кај екипата „Згради“ за кој настапија Филип Тасески, Лука Блажески, Филип Блажески и Маркијан Попов, второто место го земаа екипата „Метли“ за која настапија Никола Пуфтоски, Владимир Стојкоски и Петар Медароски и третото место припадна кај екипата „Тигри“ за која настапија Марко Попоски, Лука Иваноски, Антонио Шопоски и Петар Гергески. Категорија 12-13 години првата награда припадна на „Про Баскет Јуниори Пантери“ за која настапија Дејан Вангелоски, Андреј Шопоски и Кирил Лазарески, втората награда припадна на екипата „Ѕид“ за која настапија Ирина Ристиќ, Јана Блажеска и Бисера Златева, додека третата награда и’ припадна екипата „Гром“ на Лука Николоски, Горазд Станковски и Климент Пројковски. Кај највозрасните првото место припадна на „Гладни волци“ за кој настапија Јован Анѓелскоски, Бојан Мојсоски и Матеј Стојаноски, второто место припадна на „Македонски лавови“ на екипата Мартин Мацкоски, Михаил Маркулев, Николче Баталоски и Андреј Цветковски, додека третото место го освои екипата „Данг данг данг“ за која настапија Димитри Паскали, Матеј Каланоски, Методија Јаневски и Александар Наумов, потенцираат организаторите.

Покровител на настанот е ОСМТХ Велик Приорат Македонија, Командерија „Св. Наум Охридски“ Охрид, во соработка со КК „Колибри“ Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст Охрид. Сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели и во Центарот за аутизам во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука