Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Се реновира одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа болница Охрид

Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – После околу 45 години, започнаа активности за реновирање на одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа болница Охрид, информираат од оваа здравствена институција.

– Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница Охрид претставува регионален центар за општа и специјалистичка интернистичка патологија која се карактеризира со висока фрекфенција на пациенти кои имаат честа потреба од хоспитализација. Последниот пат одделот бил реновиран во 1978 година и поради тоа, отпочна комплетно реновирање, вклучувајќи осовременување на болничките соби, работни простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешна столарија, потенцираат од ЈЗУ Општа болница Охрид.

Додаваат дека иницијативата за реализација на овој проект е на раководителот на одделот за внатрешни заболување и пнеумофтизиологија Д-р Виолета Целеска со голема поддршка на Директорот на Установата, д-р Асен Шајн.

– За таа цел се издвоени 2.900.000 денари од сопствена сметка и 1.300.000 денари се добиени како донација од опшествени одговорни компании кои ќе бидат намемети за замена на надворешната столарија. Преку реализација на овој проект, се стремиме кон подобрување на квалитетот на здравствени услуги и условите за работа, намалување на ризикот за интрахоспитални инфекции, истовремено зголемувајќи го задоволството на пациентите, имедицинскиот персонал и подобрување на енергетската ефикасност, информираат од охридската Општа болница. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука