Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Зголемен бројот на интервенции на охридската Брза помош, најмногу за колапси

Охрид, 12. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Порастот на дневните температури, го зголеми бројот на повици во Службата за итна медицинска помош во Охрид.

Оттаму за Супер радио и OhridPress велат дека најчести се колапсите, претежно кај повозрасни лица, кои веќе имаат некој хроничен проблем со здравјето.

– Деновиве има зголемен обем на работа, голем број колапси. Имавме и случај на каснување од змија, сигнификантно е овој период. Препораки да не се движат луѓето, особено оние со хронични заболувања, срцеви и пулмонални во период од 11:00 до 17:00 часот, редовно земање на препишаната терапија, да се консумираат повеќе течности, потенцираат од службата.

Во однос на екипираност сотојбата е иста. Од Брзата помош велат дека со истите екипи функционираат и во лето и во зима и вложуваат максимални напори да излезат во пресрет со кадар и опрема и навремено да интервенираат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука