Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на улицата „АСНОМ“, повредена 82-годишна жена од Скопје

Охрид, 12. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти јуни 2024 година, во 12:50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „АСНОМ“, патничко возило марка „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од страна на 18-годишно лице од Битола, удрило во 82-годишна жена од Скопје.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука