Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Денеска и утре, охриѓани ќе го прослават денот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец

Охрид, 14. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со богослужба во манастирот посветен на овој наш голем светител, православните христијани од Охрид и околината, и годинава достојно ќе го одбележат денот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец.

Споменот на светиот Еразмо Охридскиот Чудотворец, кој се покажа храбар страдалник и секогаш брз послушник во молитвите на оние кои со вера го повикуваат, и оваа година торжествено се прославува во манастирот „Св. Еразмо Охридски“ во Охрид, на местото каде тој уште многу одамна дојде да ја проповеда вистинската Светлина на луѓето од овие простори. Неговиот спомен, и по повеќе од 17 века не е заборавен и нема да се заборави, зашто Христос му сплете двоен венец на мачеништвото и страдањето.

– Денеска, на 14-ти јуни 2024 година, со почеток во 19:00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба. Утре, сабота, 15-ти јуни 2024 година, во 07:45 часот ќе започне Утрената богослужба, а пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј ќе биде во 09:00 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09:15 часот. Нека ни е напомош празникот Свети Еразмо и за многу години, се гледаме во манастирот, инфомираат од организациониот одбор. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука