Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со повремен дожд и температура до 24. степени

Охрид, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 24. степени.

– За време на викендот ќе преовладува стабилно време, а во почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука