Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ОСУ „Св. Климент Охридски“ со известување за идните гимназијалци во однос на престојните уписи

Охрид, 13. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид ги известуваат идните гимназијалци за престојните уписи.

– Пријавувањето и запишувањето ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Многу важно: Тим од професорите од Гимназијата ќе ви биде на располагање во текот на целите уписи доколку имате технички проблем во однос на запишувањето, информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето или може да се преземе на нашата интернет страница и истата е бесплатна), а на истиот линк може да се види и целиот оглас со критериумите за запишување.

– Оригинални сведителства од VI до IX одделение;
– Дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија, географија и историја;
– Оригинален извод (не фотокопија) од матичната книга на родните (без оглед на датумот на издавање).
– Учениците кои се запишуваат за вториот странски јазик се определуваат помеѓу италијанскиот, францускиот и германскиот, а првиот странски јазик е англискиот јазик.
– Првото пријавување ќе се врши од 20-ти јуни до 25-ти јуни до 15:00 часот
– Доставувањето на потребната документација до училиштето ќе се врши на 20, 21 и 24 јуни од 07:00 до 17:00 часот и на 25-ти јуни од 07:00 до 15:00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 26-ти јуни до 09:00 часот во училиштето и на училишната веб страна.
– Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во средното училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно огласот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука