Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Охрид, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“.

– Без вода ќе бидат жителите на оваа улица на потегот од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Кошишта, Воска и Далјан, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Нивни екипи се на терен до завршување со санацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука