Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Комисијата донесе решение: 36 пратеници 12 месеци ќе добиваат апанажа, меѓу нив и поранешни пратеници од Охрид

Скопје/Охрид, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поранешни пратеници од Охрид се на листата од 36. народни избраници пријавени за да добиваат апанажа од државната каса во текот на следните 12 месеци.

На денешната седница на собраниската Комисија за избори и именувања, со еден глас против, Комисијата донесе решението за добивање на финансиски надомест на уште седум поранешни пратеници па заедно со претходните 29, пари од Буџетот во следните шест месеци до една година ќе земаат 36 поранешни пратеници. Пари од државната каса побарале и добија и сите владини функционери кои не усепааја да станат пратеници во новиот состав на Собранието.

Најголемиот дел од нив се од СДСМ и коалицијата, меѓу нив се и партискиот портпарол Дарко Каевски, Жаклина Лазаревска, Лазе Таневски, Ненад Коциќ, Диме Велковски, Санела Шкријељ, Маја Морачанин од ДОМ…

Сите тие во следните шест месеци до една година, месечно ќе добиваат по околу две илјади евра, колку што изнесува една пратеничка плата. Апанажа побарале и добиле и сите владини функционери кои не станаа пратеници. Пари од државниот буџет побарале и тројца вработени во кабинетот на сега веќе поранешниот претседател Стево Пендаровски, но собраниската Комисија за избори и именувања ги одби нивните барања со образложение дека тоа се функционери кои не се избрани од Собранието.

На денешната собраниска комисија беше прифатено и барањето за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешните пратеници Коле Чаракчиев, Стојан Миланов и Панчо Минов кои ќе добијат по две просечни плати. Комисијата го усвои и барањето за остварување на плата по престанок на функцијата член на Советот на јавните обвинители на членот Арбен Исаку.

Претседателот на Комисијата, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски денеска ги потпиша и решенијата за плата на новите пратеници, на координатори на пратенички групи, на избрани претседатели на работни тела, на новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, како и на поранешна претседателка на судот, Добрила Кацарска. (Крај)

извор: ОхридПрес/мкд.мк фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука