Забава Избор

Традиционален концерт на Филхармонија, годинава на тема музиката во филмовите на Кјубрик

Охрид, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Градски парк во Скопје, вечерва ќе се одржи традиционалниот концерт на Филхармонијата, а годинава темата е музиката од филмовите на легендарниот режисер Стенли Кјубрик.

Концертот е насловен „Одисеја 2024“, инспирирано од неговиот револуционерен филм „2001: Вселенска одисеја“. Ќе диригира Дијана Имери-Илкоска, а ќе бидат изведени музички теми од Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, кои ги одбележаа филмовите „2001: Вселенска одисеја“, „Пеколен портокал“, „Бери Линдон“ и „Очи широко затворени“.

– Кјубрик ја гледал музиката како едно од најмоќните оружја во неговите уметнички остварувања, па затоа и неговиот избор на дела бил мошне деликатен, велат од Филхармонијата.

Доколку сте во можност, не го пропуштајте овој фантастичен настан. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука