Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Во сабота ќе се одржи седницата за избор на новата Влада

Скопје, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, за в сабота, 22-ри јуни 2024 година ја закажа седницата за избор на новата влада предводена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Седницата ќе започне во 11:00 часот, а расправата во парламентот може да трае најмногу два дена.

Закажувањето на седницата следува откако вчера, Мицкоски ја поднесе предлог-програмата за работа и составот на новата влада.

Покрај коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ владини партнери ќе бидат и коалицијата „Вреди“ (ВЛЕН) и партијата ЗНАМ. Во парламентот, оваа коалиција има мнозинство од 78 пратеници. За избор на владата, потребни се 61 глас „за“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука