Забава Избор

SUPER Fresh Music: Gorgon City – One New Change

Охрид, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Реномираното британско Dj дуо Gorgon City го претстави новиот и еуфоричен сингл „One New Change“ чија енергија буди ентузијазам и сериозно го подигнува и подобрува расположението.

Дуото со статус на EDM гиганти е незапирливо и позафатено од кога било оваа година. Најновата песна следи по успешните три хит синглови, „Biggest Regret“, „You Know It“ и „All That You Need“.

Продуцентите Kye Gibbon и Matt Robson-Scott потекнуваат од Лондон и ги поместуваат границите на нивниот жанр повеќе од десет години.

По четири успешни албуми, дуото на 19-ти јули ќе го претстави своето ново издание „Reverie“, кое на публиката и’ носи седум нови хитови проткаени со заразниот ритам на бас гитара и синт-поп.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука