Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Минатата година во Охрид починале 612 лица

Охрид, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Минатата година во Охрид се евидентирани 612 починати лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број 310 биле мажи, 507 лица биле лекувани пред смртта, а 294 починале во здравствена установа.

Споредено со претходните три години, лани имало помал број починати лица. Во 2022 година имало 741, во 2021 година вкупниот број бил 846, меѓу кои две доенчиња, а во 2020 година починале 761 лица, повеќето мажи.

Инаку, Охрид и 2023 година, како и претходните неколку ја заврши со негативен природен прираст. По квартали, во првите три месеци беше најголем, -63, а најмал во второто тромесечје кога беше -47. Минатата година во Охрид се регистрирани вкупно 427 живородени бебиња.

На државно ниво, лани имало 20.187 лица што е намалување за 10,1 % во однос на претходната година. Поголемиот број биле од машки пол. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 година, односно 76.5 години кај лицата од женски пол. Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука