ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Демнењето од лани е кривично дело: Условни казни затвор за Охриѓанец, Тетовчанец и Виничанец кои ги демнеле, вознемирувале и им се заканувале на бившите партнерки

Скопје/Охрид, 17. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанец, Тетовчанец и Виничанец демнеле, вознемирувале и се заканувале на своите бивши партнерки за што добиле условни казни затвор. Ова се само дел од примерите каде што судовите во земјава во изминативе неколку месеци досудиле условна затворска казна за демначите.

Поради чести пораки со закани испратени на социјалната платформа Viber, вознемирување на работно место, но и на семејството и блиските пријателки на охриѓанка, досудена е условна казна затвор за нејзиниот поранешен пет годишен љубовен партнер.

Според пресудата за демнење која ја донел Судот во Охрид во декември 2023 година, обвинетиот охриѓанец е казнет условно на 3 месеци, доколку во рок од две години не стори ново кривично дејство.

Во судските списи може да се најдат 20-тина пресуди за кривичното дело демнење, меѓу кои и пресуди со условна затворска казна но и со парични казни.

Што е демнење?

Демнењето се дефинира како збир од дејствија во кои влегуваат на почетокот телефонски јавувања, праќање писма или подароци и појавување на јавни места, но кои за жртвата се застрашувачки. Но, честопати, демнењето не се задржува само на такви, условно кажано, секојдневни дејствија, туку како минува времето од почетокот на демнењето, така дејствијата стануваат сè поопасни, често се повторуваат, минувајќи кон сексуални и насилни кривични дела. Сите постапки кај жртвата предизвикуваат основан страв за сопствениот живот или тој на нејзините блиски, се вели во извештаите на невладините организации кои ја истражуваат со оваа појава.

Демнењето и сексуалното вознемирување станаа кривични дела во февруари минатата година со измените на кривичниот законик. Откако измените стапија во сила, работата на обвинителите се зголеми. Во Обвинителствата (ОЈО) од февруари минатата година до март годинава се примени 51 кривична пријава за ова кривично дело. Најголем дел се пристигнати во скопското Обвинителство, вкупно 13, по што следува Струмица со 6 и во другите по три.

Од овие 51 кривична пријава во 12 предмети биле поднесени обвинителни предлози, а за 6 од судовите побарале парична казна за обвинителите.

– Во девет предмети, по проверка на сите наводи, донесено е решение за отфрлање на пријавата. Во 24 случаи постапката по поднесената кривична пријава се уште е во тек, се вели во одговорот од ОЈО.

Комплетната анализа на новинарката Зорана Гаџовска Спасовска за Радио Слободна Европа ОВДЕ. (Крај)

извор: Радио Слободна Европа фото: Радио Слободна Европа

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука