Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

МОН со информација за електронски упис за учебната 2024/2025 година на ученици во прва година во средно образование

Скопје/Охрид, 17. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со цел оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта во Република Македонија, Министерството за образование и наука и оваа година преку дигитална услуга ќе им овозможи електронско аплицирање.

Потенцираат дека истото нема да им одземе повеќе од 15-тина минути, а пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.

Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/најава.

– Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот, додека второто пријавување е на 1 јули и 2 јули 2024 година до 15:00 часот. Повеќе информации, на следниот линк, информираат од Министерството за образование и наука на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: република.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука