Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нашиот Ѓоко Танески ќе прослави 30-години кариера со голем концерт на 20-ти јули на Антички Театар

Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нашиот Ѓоко Танески ќе прослави 30-години успешна кариера со големиот концерт кој ќе се одржи на 20-ти јули 2024 година, со почеток во 21:00 часот на сцената на Античкиот Театар во Охрид.

„Најдоброто од Ѓоко Танески“ е насловен концертот на кој охридскиот музичар ќе го придружуваат „Камерениот Оркестар” од Битола”, како и специјалните гости Драган Мијалковски и Николче Мицевски.

– Дојдете и уживајте во неговите најголеми хитови „Една љубов имам“, „Збогум најмила“, „Мој пријателе“, „Цветај расцветај“, „Јас ја имам силата“ и останатите големи хитови во кои ужива публиката изминативе три децении. Влезниците се достапни online на mktickets.mk, како и во продажните салони на литература низ републиката. Бидејќи ќе биде „Најдоброто од Ѓоко Танески”, концертот ќе се снима со најсовремена техмика за потребите на телевизиски проект, порачуваат организаторите.

Додаваат дека оваа година е година е јубилејна за Ѓоко Танески, слави 30-години кариера, а јубилеите имаат смисол само ако се прославуваат со драги луѓе.

– Затоа, на 20-ти јули, кај и да си, во Охрид да си, порачуваат од тимот на Танески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука