Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ-ОА: Свети свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски

Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски.

Епископ Тирски, од времето на Диоклецијан, па сè до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и пострада за Православната Вера.

На земјата живееше сто и седум години и откако Му угоди на Бога, во 361 година, се пресели во вечниот живот. Беше навистина многу учен маж.

Напиша многубројни поучни дела на грчки и на латински. Особено се прочуени неговите грчко-латински „Синтагми“.

Тропар

Не искушувај Го Господа твојот Бог, преточено во – не суди никого, тебе пастиру Божји, те понесе во пределите светителски, откриениот живот на пророците и апостолите, Господ преку раката твоја нам ни го предаде, свештеномачениче Доротее. Сега до нив приброен пред престолот Христов, моли Го Него усрдно да побрзаме, кон претстојната борба закрепени од Неговата благодат. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука