Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Охридските пожарникари интервенираа на пожар на трска кај „Метропол“

Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипа на Охридската територијална противпожарна единица вчера интервенираше на пожар на трска кај хотелот „Метропол“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На бројот за итни случаи 112, изминатите 24 часа регистрирани се вкупно 2.145 повици. Како реални од нив биле категоризирани 64,20 проценти.

– Кон полицијата биле упатени 58,98 отсто, кон Итната медицинска помош 26,27 проценти, а кон пожарникарите 6,97 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, информираат од ЦУК. (Крај)

извор: ЦУК фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука