ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, настрадаа две лица од Ресен

Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познат идентитетот на двете лица што загинаа на планината Галичица, откако со возило паднаа во провалија длабока 200 метри.

Вчера околу 13:00 часот, во провалија покрај патот Охрид-Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен, со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило марка „Фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, во чија близина биле пронајдени двете починати лица.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16-ти јуни 2024 година, во 22:00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), несреќата се случила кај местото викано „Превој“, а возилото паднало во провалија со длабочина до 200 метри.

Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. (Крај)

извор: Курир фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука