Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Следи период на многу топло време, од четврток портокалово ниво на опасност

Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до недела земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

– Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, стои во соопштението од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука