Забава Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Со третото Талент Шоу, учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ ја заокружија учебната 2023/2024 година

Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со третото Талент Шоу, учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид ја заокружија учебната 2023/2024 година.

– Со уште уште едно успешно, трето по ред, Талент Шоу ја заокруживме учебната 2023/2024 година. На сцената во училишниот двор блеснаа талентираните ѕвезди, нашите вредни и талентирани ученици, кои цела година се подготвуваа за овој настан. Бројните посетители имаа можност да уживаат во прекрасната изведба на музичко- сценските изведби на нашите ученици, информираат од училиштето.

Ученикот Симеон Целакоски со најголем број гласови од публиката го освои првото место, Климент Ковачески со ефективна музичка изведба го освои второто место, Розе Паункоска трето место, а наградено од жири комисијата беше дуото виолина и флејта Марија Лазаревска и Горазд Велјаноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука