Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Таравари: Потребна е децентрализација на здравството, регионални клинички болници треба да функционираат во Охрид, Струга, Штип и Битола

Скопје/Охрид, 18. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Здравствениот систем во Македонија е поделен на три степени. Првиот е примарното здравство кое што е релативно добро и функционално. Меѓутоа мислам дека треба да се дадат уште малку ингеренции на матичните доктори во примарното здравство, но продолжувам да мислам дека нашето јавно здравство е доста централизирано.

Ова го истакна вечерва Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците и нов министер за здравство, во интервју за емисијата „Топ тема“ на Тв Телма.

– Околу 70-80 отсто од здравствените услуги во Македонија се даваат во Скопје, што не е нормално. Затоа треба да размислиме на децентрализација, на дисперзација. Под ова мислам дека малку повеќе треба да се работи со секундарното здравство, пред сè, мислам на клиничките болници. Да отвориме четири регионални клинички болници. Едната веќе функционира во Тетово, меѓутоа и таму треба да се работи. Можеби дел од докторите од Скопје, неколку денови во месецот, доброволно или со финансиско мотивирање, да бидат и во Тетово. Вакви центри треба да функционираат и во Охрид и во Струга, во Штип исто така и во Битола. Тие би биле четири регионални центри кои што малку ќе дадат можност за растоварување на системот во Скопје, вели Таравари. (Крај)

извор: Тв Телма фото: Тв Телма

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука