Усмртена мечка во сообраќајка кај вториот каменолом на патот Гостивар-Охрид
Тетово, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пријава за сообраќајна несреќа, при што возило удрило во мечка утрово во 05:37 часот добил Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Тетово на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
– Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место. Настанот се случил на патниот правец Гостивар – Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна. Исто така известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување починатата мечка од магистралниот пат, соопшти ЦУК. (Крај)
извор: skopskoeho.mk фото: skopskoeho.mk
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |