Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Во април во Охрид издадени 6 одобренија за градба, во Струга и Дебрца ниту едно

Скопје/Охрид, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во месец април во Охрид биле издадени 6 одобренија за градење, објави Државниот завод за статистика.

Од нив 3 се на физички лица и исто толку на деловни субјекти. Предвидена е градба на 70 станови со вкупна корисна површина од 4.516 м².

За разлика од Охрид, во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија во април годинава издадени се 257 одобренија за градење. Од вкупниот број на издадени одобренија, 136 се наменети за објекти од високоградба, 56 за објекти од нискоградба и 65 за објекти за реконструкција. Од вкупно 257 објекти, на 121 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 136 инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 710 станови, со вкупна корисна површина од 55.611 м². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука