Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Летната пливачка школа на клубот „Акваспирит“ започнува на 1. јули, уписите се во тек

Охрид, 19. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се уписите за летната пливачка школа на клубот „Акваспирит“, која започнува на 1. јули 2024 година на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид.

– Часовите ќе се реализираат секој работен ден од понеделник до петок и предпладне и попладне. Термините ќе бидат дополнително дефинирани во зависност од бројот на пријавени деца. Цената за цело лето, од почеток на јули до крај на август изнесува 3.000 денари. Доколку во школата членуваат две или повеќе деца од исто семејство следува попуст. Следуваат многу натпревари и изненадувања. Овозможете му на Вашето дете да биде дел од најдобриот пливачки колектив во градот, информираат од клубот.

Сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефоните 077/703-686 (Славчо) и 078/355-291 (Миле). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука