Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Патот кон поранешна Детска болница (Фото)

Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Потегот после поранешна Детска болница до хотелот „Гранит“ е меѓу ретките слободни зони на крајбрежјето, кои се релативно блиску до градот.

И покрај повеќето обиди годиниве наназад, до овој момент не се започнати поголеми зафати за уредување на овој простор кој бројни охриѓани во текот на летните месеци го користат како мирно место за уживање покрај езерото, не толку популарно и познато кај гостите од надвор.

Деновиве целиот простор е комплетно обраснат со трева и преставува потенцијална опасност за граѓаните од змии, крлежи и останати помали животни кои живеат во високата трева. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука