Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Демир Капија најтопол град во Македонија, измерени 41, во Охрид 33 степени

Скопје/Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Демир Капија денеска беше најтопол град во Република Македонија, откако во 17:00 часот беа измерени 41, а во Охрид 33 степени Целзиусови.

– Максималните температури денес беа 23 во Попова Шапка, 29 во Крушево и Маврови Анови, 30 во Лазарополе, 32 во Берово, 33 во Охрид и Претор, 34 во Крива Паланка и Прилеп, 35 во Тетово, 36 во Битола, 38 во Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, 39 во Виница, Штип, Струмица, Гевгелија, Кавадарци и Велес, 41 во Демир Капија, велат од УХМР.

Времето денес беше сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од скопската котлина и особено вдолж Повардарието дуваше засилен претежно северен ветер.

Времето до крајот на денот ќе биде многу топло, претежно ведро, а ветерот ќе намали со интензитет. (Крај)

извор: УХМР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука