Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево меѓу приоритетите по преземањето на функцијата

Скопје/Охрид, 20. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и новиот прв човек во Министерство за транспорт, Александар Николоски во своето гостување во вестите на Канал 5 телевизија истакна дека трите проекти со кои ќе занимава следната недела, веднаш по преземањето на функцијата се автопатот Охрид-Кичево, експресниот пат Градско-Прилеп, како и браната Отиња која што е исклучително важна за источниот регион на Македонија.

– Граѓаните очекуваат одговори на две прашања и тоа прво е експресниот пат од Градско до Прилеп кој што ја поврзува Пелагонија и Централна Македонија со остатокот од државата и тоа е нешто во кое прво ќе имам увид. Втора работа, исто врвен приоритет, е автопатот Охрид-Кичево кој со години е застанат и не се гради, ќе видиме зошто е тоа така и што може да се направи. И трет приоритет е изградбата на браната Отиња која што е исклучително битна за источниот дел на Македонија, тоа е во штипско. Така што, овие три проекти ќе бидат првите со кои што се занимавам во следната недела, рече Николоски.

Во мај годинава, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски изјави дека автопатот кон Охрид треба да биде завршен до крајот на 2026 година.  (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука