Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Гевгелија, Велес и Демир Капија најтопли градови во Македонија, измерени 40, во Охрид 32 степени

Скопје/Охрид, 21. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најтопли градови во 17:00 часот во Република Македонија, според Управа за хидрометеоролошки работи, беа Гевгелија, Велес и Демир Капија каде температурата достигна 40 степени, а во Охрид 32 степени Целзиусови.

– Во 17:00 часот се измерени следните температури: 28 степени во Крушево, 30 во Маврови Анови, Лазарополе, 32 во Охрид и Претор, 33 во Берово, 34 степени во Крива Паланка, 35 во Битола и Прилеп, 36 во Тетово и 37 во Виница, велат од УХМР.

Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 34. степени.

– Нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).

(Крај)

извор: УХМР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука