Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала облачност и температура до 33. степени

Охрид, 22. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени.

– Викендов нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука