Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Победи за Наум Стојаноски, Димитар Ѓорески и Енис Алиу на 4. коло од Првата и младинска боксерска лига во Тетово

Тетово/Охрид, 22. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат успесите на охридските боксери од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“, кои со успех се претставија и на 4. коло од Првата и младинска лига, кое во организација на Боксерскиот клуб „Шкендија НО-ЛИМИТ“, се одржа денеска, во СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Боите на Охрид ги бранеа Наум Стојаноски, Димитар Ѓорески и Енис Алиу, кои стигнаа до вредни победи во своите категории, додека Христијан Стојаноски и Михаил Аврамоски ги освоија вторите места, а Петар Трајчески немаше противник во ова коло.

Охридските боксери се’ поуспешни и редовно од сите натпревари се враќаат со одличја и забележителни резултати. Енис Алиу минатиот викенд се врати со вредна победа од Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, што се одржа во Куманово. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука