Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Фестивал на планината и езерото: По ноќевањето на „Корита“, следува искачување на „Магаро“

Охрид, 23. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на авантуристичкиот клуб Mountain Madness од Охрид, викендов по петти пат се одржува авантура со планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање – Фестивал на планината и езерото.

Авантурата започна вчера со велосипедска тура околу Охридското Езеро и на локации покрај езерото.

Учесниците подигнаа камп во месноста „Корита“, каде со поддршка од НП „Галичица“ подготвија и логорски оган, секако под надзор на екипа од охридската Пожарна.

За денеска е предвидено искачување на „Магаро“ со старт во 08:00 часот од „Липова ливада“. Во 12:00 ќе се напушти врвот и учесниците да се спуштат на плажа.

Оваа тура се организира со цел да се одбележи денот на Охридското Езеро (21-ви јуни). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука