Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Избегнувајте два вида леб кои предизвикуваат дигестивни проблеми и зголемување на телесната тежина

Охрид, 23. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Лебот останува незаменлив дел од оброкот за многумина кој нуди брз и едноставен извор на јаглехидрати. Сепак, не е здраво да се јадат сите видови леб.

Некои, особено оние направени со рафинирано брашно и многу додадени шеќери, може да го нарушат варењето и да предизвикаат зголемување на телесната тежина. Таквите лебови обично немаат многу хранливи материи и влакна, што предизвикува зголемување на шеќерот во крвта и дигестивни проблеми.

Нутриционистката и диететичар Lisa Richards издвои кои видови леб треба да се јадат помалку или, најдобро од сè, целосно да се избегнуваат.

Какви видови леб треба да се избегнуваат?

Како прв вид леб што треба да се избегнува, Richards го издвојува белиот леб кој се прави од рафинирано брашно и со процес во кој се губат поголемиот дел од влакната. Тие се од суштинско значење за здраво варење бидејќи помагаат храната да се движи низ дигестивниот тракт. Без доволно влакна, може да добиете запек и да имате други дигестивни проблеми. Генерално, јадењето леб со ниски хранливи материи може да доведе до тоа да се чувствувате помалку сити и повеќе склони кон прејадување и натаму кон зголемување на телесната тежина.

– Белиот леб, кој често се користи во сендвичите, е најлошата форма на леб за јадење поради многу причини, но особено поради неговите воспалителни ефекти. Преработените производи како овој поминале низ процес на рафинирање каде што се отстранети влакната и корисните хранливи материи, објаснува Richards.

Таа додава дека треба да се избегнуваат и слатките лебови. Засладениот леб содржи додадени шеќери кои можат да предизвикаат брзи скокови на нивото на шеќер во крвта. Овие скокови може да доведат до зголемено производство на инсулин, складирање на маснотии и потенцијално доведува до отпорност на инсулин со текот на времето. Високиот внес на шеќер е поврзан и со воспаление, кое може да влијае на здравјето на цревата и да придонесе за дигестивни проблеми.

Диететичарката предупредува дека рафинираниот шеќер во лебот е штетен поради многу причини бидејќи е силно воспалителен, како и извор на храна за лошите бактерии во цревата.

– Колку подолго јадете храна богата со шеќер, толку вашето тело станува поотпорно на ефектите на инсулинот за намалување на шеќерот во крвта, потенцира Lisa Richards. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука