ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Smidgin од дивата смрека од Галичица и охридски бисер за кралот Чарлс и кралицата Камила

Охрид, 23. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонската амбасадорка во Велика Британија Катерина Ставреска, во знак на пријателство со Република Македонија, им подари врвен Smidgin направен од планински чај и дива смрека од преубавата Галичица и охридски бисер на кралот Чарлс и кралицата Камила.

По повод посетата на Бакингемската палата во Велика Британија и средбата со неговото височество Кралот Чарлс Трети, покрај протоколарниот дел од средбата организиран на највисоко ниво со неговото височество, нашата амбасадорка ја изрази срдечноста и пријателството на македонскиот народ кон британскиот народ со подароци од најубавите стари брендови кој традиционално ја претставуваат културата на Македонија и регионот низ светот.

За нејзиното височество Кралицата Камила брендот Охридски Бисер и Филигран-Филеви Т.М. 1928 изработи бисерен ѓердан во три реда со брош од бисерна плочка гравирана со ликот на кралицата на основа од оникс поставен на филигранска уметничка контура. За неговото височество Кралот Чарлс Трети беа изработени копчиња за кошула од бисерни плочки гравирана со иницијали со посебна рачна техника и поставени во украсна филигранска уметничка контура. (Крај)

извор: vecer.press фото: vecer.press

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука