Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Јадете брза храна еднаш неделно? Еве што мислат диететичарите за тоа

Охрид, 28. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Брзата храна е исклучително практична, особено ако патуваме или постојано сме во движење. За жал, во најтешките случаи, јадењето преработена и брза храна може да убие повеќе луѓе отколку пушењето.

Според анализата на Светската здравствена организација (СЗО) од 2022 година, брзата храна има глобални здравствени последици, убивајќи приближно 11 милиони луѓе секоја година. Тутунот е одговорен за повеќе од 7 милиони смртни случаи, а хипертензијата за повеќе од 9 милиони.

Поновите податоци од Drive Research, објавени во 2023 година, покажаа дека 20 проценти од мажите консумираат брза храна дневно, во споредба со 7 проценти од жените. Сепак, речиси двајца од тројца изјавиле дека го консумираат барем еднаш неделно.

Дали сте помеѓу луѓето кои редовно јадат брза храна, на пример, еднаш неделно? Еве што мислат диететичарите за тоа.

Содржината на натриум и шеќер во многу оброци за брза храна не е најдобриот избор за храна, дури и ако се консумираат само еднаш неделно. На пример, ако одиме во омилената сендвичара еднаш неделно после работа, ефектот врз здравјето ќе зависи од поединецот.

– За повеќето здрави луѓе, ако се хранат добро и се физички активни, јадењето брза храна еднаш неделно веројатно нема да има голем ефект, особено ако не консумираат преголеми порции и внимаваат што ќе внесуваат со другите оброци. Меѓутоа, ако имате медицински состојби како што се дијабетес, висок крвен притисок или проблеми со бубрезите, содржината на натриум и шеќер во многу оброци за брза храна можеби не е најдобриот избор за јадење, дури и само еднаш неделно, вели диетичарката Ana Reisdorf.

Нејзиниот колега Cesar Sauza се согласува со нејзините ставови и вели дека јадењето брза храна еднаш неделно нема да има поголеми влијанија врз здравјето, се’ додека останатите оброци се здрави.

– Сепак, брзата храна треба да се ограничи колку што е можно повеќе, објасни тој.

Меѓутоа, ако секојдневно консумираме брза храна, приказната се менува.

– Брзата храна обично е богата со калории, масти, натриум, шеќер или се’ заедно од горенаведеното. Рестораните за брза храна никогаш не се место за јадење ако се обидувате да живеете здраво. Подолг период на јадење брза храна секој ден ќе доведат до дебелина, зголемување на телесната тежина и зголемен ризик од хронични болести како што се дијабетес и срцеви заболувања, заклучува Sauza. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука