Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка на регионалниот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, повредени две лица

Охрид, 23. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри јуни 2024 година, во 08:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга, на место викано „Оровничка плажа“, се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

– Во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од страна на 35-годишно лице од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот, 32-годишно лице од Тетово, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука