Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала облачност и температура до 30. степени

Охрид, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала локална облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјата ќе има и наместа подолготраен дожд со засилен ветер и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени.

– Во текот на работнава недела претежно во попладневните часови ќе има почеста појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Во следните денови и понатаму ќе биде топло, но со постепено опаѓање на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука