Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

24-ти јуни, Ден на Балканските Египќани, во Охрид живее бројна и активна заедница

Охрид, 24. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Египќаните во Република Македонија денеска го прославуваат 24-ти јуни – Денот на Балканските Египќани.

Oвој ден се прославува, затоа што на 24-ти јуни 1990 година во Охрид се одржа Основачкото собрание на Здружението на Египќаните во СФР Југославија. Со тоа започна и процесот на организирање на припадниците на оваа заедница на Балканот во општествено-политички организации, заради барање и реализација на нивните права. За прв претседател на беше избран Назми Арифи.

Имено, борбата за своите прва оваа заедница ја започна во 80-те години на ХХ век Охрид и Струга по медиумите низ тогашната Југославија, но и пошироко во Светот, актуелен беше историскиот процес на ослободување на етничкиот идентитет на една заедница која до тогаш неможеше да го најде своето „место под Сонцето“ во Балканскиот етнички мозаик. Доказ дека етносот и идентитетот е жива материја, процесот на нивното осознавање и развој во светот се’ уште трае.

Со постепеното воспоставување на новите општествени процеси на Балканот, т.е. демократизацијата и почитувањето на одредени човекови и малцински права, а особено со дезинтеграцијата на поранешната југословенска државна заедница, прашањето на етничкиот идентитет на заедницата на Египќаните којашто живее низ поголемиот дел на Балканскиот Полуостров, добиваше сè поголем интерес и во јавноста, а припадниците на оваа заедница и во другите балкански простори сè повеќе се јавуваа со желба за истакнување на својата посебност. Со промените на Уставот на тогашната СФР Југославија од 1974 година, со членовите 166 и 170 им се гарантираше на граѓаните слободно да се декларираат онака како што се чувствуваат, спрема нивната свест. Токму оваа уставна гаранција припаднците на оваа заедница од Охрид, Струга, Ресен и другите градови од југозападниот дел на Ребулика Македонија, ја користеа при изјаснувањето за етничка припадност на пописот на населението од 1981 година, да се изјаснат за „Египќани“. Но бројот на декларираните „Египќани“ од овој попис никогаш званично не се објави.

Интелигенцијата на оваа заедница од Охрид, Струга и Ресен организираше петиција, која ја испратија во Заводот за статистика и средствата за јавно информирање, со цел да се објави бројот на изјаснети Египќани. Оваа акција можеме да кажеме дека е првата организирана граѓанска акција во историјата на Балканските Египќани, со јасна и прецизно дефинирана цел и мисија за признавање и сочувување на сопствениот етнички идентитет. Одговорот на Заводот за статистика беше дека оние што биле изјаснети како Египќани на пописот од 1981 година се вброени во графата „други“ а оние што се изјасниле за „Еѓупци“ се ставени во графата „непознати“. После ова беше сосема јасно дека, за наредниот попис на населението во 1991 година, Египќаните ќе треба да се изборат за своја сопствена графа во пописните листи.

После овој настан, во весниците на тогашна СФР Југославија можат да се најдат голем број статии и стории, кои ја информираат јавноста за „појавата на Египќани во Македонија и Југославија“.

Египќаните од Охрид, Струга и Ресен на 22-ри март 1990 година до тогашното собрание на СФР Југославија доставија петиција од 1681 граѓанин, со барање да се отвори посебна пописна графа „Египќани“ во пописните листи за пописот во 1991 година, а да ги претставуваат потписниците беа овластени Арифи Назми од Струга и Усни Земоски од Охрид. Подоцна петицијата ја поддржаа и 13 илјади Египќани од Косово. Целиот случаj заврши со тоа што Сојузниот завод за статистика, со Методолошкиот материјал бр. 367, за пописот во 1991 година воведе графа Египќани за изјаснување по етничка припадност.

Етно-културата на Египќаните во Охрид

Посебноста на Балканските Египќани, особено во Охридско-Преспанскиот регион најдобро може да се согледа преку традиционалната култура. За жал многу елементи од традиционалната култура неповратно исчезнува со голема брзина. Египќаните се занимавале со професии што побарува стационирано живеење како земјоделието, но многу се занимавале со занаети. Основно традиционално занимање на поголемиот број на Балканските Египќани било обработката на металот и ковачкиот занает. За тоа дека Балканските Египќани се бавеле со обработката на металот уште од најстари времиња дознаваме од Херодот, кој вели дека експоатацијата на златната руда во Елада ја вршеле египетските колонисти .

Потомците на ковачите, кои порано го наследувале занаетот од колено на колено, денес се бават со други занимања кои повторно за предмет на обработка го имаат металот и железото: бравари, машинобравари, водоинсталатери, автомеханичари, лимари итн., но и со други занаети кои не се поврзани со металот како: електричари, стаклари, фризери, кројачи итн.

Наредна карактеристична професија на Египќаните е музиканството. Египќаните во Охридско-Преспанскиот регион свират како чалгии на кларинет (грнета), виолина (ќемане), хармоника, дајре, ут, лаута итн. Во Јужна Албанија, Египќаните особено ја пеат т.н. двотонска вокална музика, која се изведувала исклучиво антифоно, каде еден ја пее мелодијата, а другите полагаат, односно спаѓаат или бординуираат. Оваа музика е карактеристична и за Египќаните од Охрид, Струга и Ресен во Македонија, а ова пеење според етно-музиколозите потекнува од старобалканскиот културен слој. (Крај)

извор: Охрид1 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука